Петар Печков
Објавено: недела, 29 март 2026
Вчера утро, сабота, сообраќајка на улица Сараевска, во Горно Оризари каде се судриле два автомобили. Едното лице се здобило со тешки телесни повреди. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 28 март во СВР Велес било пријавено дека околу 07:00 часот, на ул.„Сараевска“ во Горно Оризари, велешко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(51 год) од Горно Оризари и патничко возило „опел“ со велешки регистарски таблици, управувано од 29-годишната Ј.А од Горно Оризари“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Х, а со телесни повреди се здобила Ј.А., констатирани во Општата болница Велес.
„Кај повредното лице по извршени снимања констатирана е скршнеица на надлактица, опериран и задржан на одделние во велешка болнциа“ - соопшти др Ана Марија Џунџева портпарол на Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес за да се откријат причините за сообраќајката.
| Tweet |




