речник контакт

Сообраќајка во Превалец, потешко повреден сопатник на мопед

Полесно е повреден и мотоциклистот

Петар Печков

Средата вечер, во наслеба Превалец сообраќајка, во која со тешки телесни повреди се здобил сопатник на мопед. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 25 март  околу 20:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Васил Антевски Дрен“ во населба Превалец се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20 год) од Велес и мопед со велешки регистарски, управуван од З.Т.(22 год) од село Клуковец, велешко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот, И.З.(28 год ) од село Горно Врановци, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.  

„Кај повреденото лице по извршените снимања, констатирна е скршеница на колено. Имобилизиран е и пуштен на домашно лекување“ -кажа Анамарија Џунџева, портпарол на велешка болница.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »