Петар Печков
Објавено: петок, 05 август 2022
Во сообраќајка, која се случила на автопат Гостивар - Тетово, седуммина повредени, меѓу нив и петмина жители на Јаболчиште. Сите минале со лесни повреди, за разлика од патниците во автомобилот. МВР со детали на сообраќајката.
„На 04 август во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар -Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“ - соопштија од МВР.
По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.
Tweet |