речник контакт

Сообраќајка и тепачка на наплатна рампа Отовица

Сопругот со пиштол ја тепал сопругата и се заканувал на синовите

Петар Печков

Изминатиот продолжен викенд три настани се евидентирани во билтенот на МВР а се за подрачјето на Велес. 

Двајца тешко повредени и двајца лесно  во сообраќајка кај мостот кај Дурутовец. Повредените здржани во велешка Болница. Автомобилот излетал од патот и се превртел  на кров.

На 28.08.2017 година во 16,00 часот на Автопатот Велес- Скопје, на мостот кај село Дурутовец се случила сообраќајна незгода во која Е.З.(31) од Ресен, управувајќи патничко моторно возило„Рено-Флуенсе“ со ресенски регистарски таблици изгубил контрола над истото, излетал надвор од коловозот и возилото се превртело на кровот. По незгодата, возачот и тројцата сопатници со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата Болница во Велес- каде од страна на лекар кај возачот Е.З. и сопатникот А.А. (46), биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај сопатниците Ф.Г. (52) и Е.И. (38) биле констатирани телесни повреди и истите биле задржани за понатамошно лекување – пишува во информацијата на  МВР. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР- Велес.

Еден дена  претходно   двајца арачинвоци, татко и син биле претепани од  друг сопственик на превозно с средство.

На 27.08.2017 година околу 20,30 часот на автопатот Велес -Скопје, пред наплатната станица Отовица, од страна на А.Ѓ.(60) од Скопје, било извршено кривично дело "насилство". А.Ѓ. насилството го извршил на тој начин што со стап го скршил левиот ретровизор и стаклото од левата врата од камионот  “Мерцедес Атего“ со скопски регистарски таблици. Потоа истиот физички ги нападнал возачот на возилото А.И.(47) од село  Арачиново удирајќи го со стапот во пределот на носот, а потоа и неговиот 14 годишен син удирајќи го во пределот на грбот – информираат  од МВР.  

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС- Велес. Во СВР- Велес бил извршен разговор со напаѓачот А.Ѓ. и по целосното расчистување и документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во неделата после полноќ велешанец ја натепал сопругата со пиштол а потоа им се заканувал и на  двајцата синови.

На 28.08.2017 година околу 01,00 часот во ПС-Велес, Б.Ѓ. (45) од Велес пријавила дека нејзиниот сопруг Ѓ.А. (47), на 27.08.2017 година околу 19,00 часот ја удрил со телефон по глава, а потоа почнал и да ја удира со тупаници и клоци во пределот на телото и главата, по што и го зел телефонот и заминал од куќата. На 28.08.2017 година околу 00,00 часот, Ѓ.А. се вратил дома и почнал да ја навредува, а во еден момент го зел пиштолот, кој го поседувал со дозвола, ја скршил вратата од собата и почнал да ја удира Б.Ѓ во пределот на главата, по што истата паднала во бесознание. Ѓ.А го вперил пиштолот во неа и двајцата синови заканувајќи се по нивниот живот, по што заминал од куќата. Б.Ѓ била префрлена во Јавната здравствена установа-Велес, каде и биле констатирани телесни повреди. А.Ѓ. е лишен од слобода и задржан во ПС-Велес за понатамошна постапка – пишува во соопштението на МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »