Петар Печков
Објавено: недела, 05 јануари 2014
Ноќеска околу еден часот по полноќ на магистралниот пат Велес – Штип, кај селото Каратманово се случила тешка сообраќајка, во која има повредено три млади лица
Во автомобил голф 4, со кој се враќале од забава во Лозово биле С.Б. ( 30 год), С..(30 год) и Ј.А. ( 25 год) сите од Иванковци. Според сведоците автомобилот металик боја излетал од патот и паднал во ендек.
Инцидентот се случил во мошне тешки временски услови, густа магла која ја отежнувало давањето на помош од страна на докторите од Итната служба но и транспортот на повредените до Клиниките до Скопје.
Според докторите од велешката Болница двете повредени лица имале тешки повреди и морале да бидат транспортирани за Скопје, додека најмладиот е на хируршкото одделение.
Таму се пренесени С. Б. и Ј. А. додека С. С. е зaдржан во велешката Болница.
Tweet |