Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 јули 2016
Вечерва големиот број на возила на Брза помош, полиција, пожарна кои итаа низ улиците на градот, беше причина велешани да се прашаат што се случува во Велес.
Потврдена информација од страна на Центарот за управување со кризи е дека има сообраќајка, која е случена околу 21, 36 ч. на магистаралниот пат Велес - Штип, кај депонијата за смет.
Потврдена информација од дежурната екипа на Итната помош е дека има еден починат патник - жена и тројца повредени.
На повредените им е пружена неопходна здравствена помош и се префрлени на хируршкото одделение од Општа Болница Велес. Едниот од повредените поради тежината на повредите е префрлен во Ургентен во Скопје.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Tweet |