Петар Печков
Објавено: петок, 29 јуни 2018
Денес, петок на пладне случена е сообраќајна незгода близу Ветеринарната станица. Повреден е мотористот, кој подоцна е пуштен на домашно лекување.
Околу 12.30 часот на општинскиот пат Велес – село Раштани, кај Ветеринарната станица „Велес“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед марка „Кимко“ без рег.броеви управуван од Р.И.(52 год) од Велес и патнички автомобил марка „Тојота РАВ 4“ со велешки рег.таблици управуван од Д.Н.(45 год) од Велес. Во незгодата е повреден возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес каде по укажаната медицинска помош е пуштен на домашно лекување - соопштија од СВР Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за незгодата.
Tweet |