Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 август 2023
Саботата приквечер, на автопатот Велес - Скопје, близу село долно Караслари се случила сообраќајка. Три лица се повредени, едно 15 годишно дете е пренесено на Максио -фацијална во Скопје.
„На 5 август околу 19.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Велес – Градско, пред исклучокот за село Долно Каласлари, велешко, Т.С.(43 год) од Велес, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрило во заштитна ограда и во патничко возило „бмв“ со белгиски национални ознаки, управувано од А.А.(24 год) од Битола, со живеалиште во село Дебреште, општина Долнени“ - соопштија од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото „фолксваген голф“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Т.С. и друг малолетен сопатник од неговото возило, констатирани во Општа болница во Велес.
“Донесени се три лица, две деца и еден возрасен. Петгодишното дете и возрасниот минале со лесни повреди, додека 15 годишното дете поради специфичните повреди е пренесено на Максио -фацијална во Скопје“ - информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.
Tweet |