Петар Печков
Објавено: среда, 28 февруари 2018
Претпладнево во близина на мотел ,,Дреново,, се случила сообраќајна несреќа, со еден починат и две потешко повредени лица.МВР со информација за настанот.
Денеска (28.02.2018 година) околу 10,10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки управувано од Ј.Г.(30) од Велес и такси возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(35) од Скопје. Во незгода К.Л. починал на местото на настанот додека сопатничките во возилото, М.И.(64) и А.И.(31) двете од Битола се здобиле со повреди. Повредените се пренесени во болница во Кавадарци, а по укажаната прва помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје - соопштија од МВР.
За сообраќајката информираа и од ЈО Кавадарци.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судар на патничко такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „волво“ со велешки таблички. Со цел утврдување на причините за несреќата, издадена е Наредба за обдукција на телото на починатиот, прибрани се сите траги и материјални докази од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно вештачење.
фото: МИА
Tweet |