речник контакт

Сообраќајка кај Порцеленка

Предизвикана материјална штета, повредени нема

Петар Печков

 Интервенцијата на полицијата и комбето на Итната помош, околу пладне, кои брзо заминаа кон новиот дел на Велес, предизвика внимание кај велешани. Тие што беа на улиците  беа во дилема што се случило. Одговорот брзо стигна од велешката полиција, сообраќајка без повредени само со материјална штета.

На ден 10.01.2018 год. околу 12.00 часот на регионалниот пат Велес – Чашка кај поранешната фабрика за Порцелан се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Опел вектра“ со велешки регистарски ознаки управувано од Д.А.(66) и ПА марка „Сузуки свифт“ со велешки регистарски ознаки управуван од И.И.(39). Во незгодата е причинета само материјална штета- изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »