Петар Печков
Објавено: недела, 16 мај 2021
Саботата попладне, сообраќајка кај населба Превалeц, во која повредени се шест лица.
„На 15-ти мај околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-село Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К.(60) од село Баница, струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и малолетна сопатничка од Горно Оризари во патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле А.Д.(38), Н.Д.(38), С.К.(30) и малолетен сопатник, сите од Горно Оризари, сопатници во патничкото возило, констатирани во Општата болница Велес“ – соопштија од МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес. На лице место интервенирала екипа на Итната помош, која констатирала затворена повреда на абдомен на возачот кој бил префрлен во Велешка Болница.
„Вчера, околу 18 часот на одделот за хирургија донесени се неколку лица повредени во сообраќајна несреќа, меѓу нив и малолетно дете на 4 годишна возраст кое се здобилно со скршеница на десна натколеница, истото по преглед од дежурен ортопед препратено на Детска Хирургија- Скопје, маж на 60 годишна возраст со повреди во предел на абдомен, по прегледот препратен за понатамошно лекување на Дигестивна хирургија Скопје, останатите пациенти со полесни телесни повреди , иследени од дежурен хирург и пуштени на домашно лекување“ - кажа -др Елеонора Јованов, портпарол ан Општа Болница Велес.
Tweet |