Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 октомври 2010
Неготинчанецот Сашко Ристов загина во сообраќајна несреќа која се случи неделата вечер, на мостот на вливот на реката Црна во Вардар. Според велешката полиција Ристов ( 41 год) во 19,25 часот со неговиот автомобил голф со бугарски регистарски таблички, од непознати причини излетал од регионалниот пат Велес – Градско.
Тој потоа со автомобилот удрил во железната конструкција од мостот и од силината излетал низ шофершајбната и паднал на патот по што починал. Бидејќи стариот пат, каде се случи сообраќајката не е толку фрекфентен, сведоци нема. Единствено чуварот на локалитетот Стоби и рибар раскажуваат дека слушнале два удари и кога дошле на местото на настанот го виделе телото на Ристов и автомобилот.
Истрагата ќе треба да покаже што било причината што Ристов преминал на другата сообраќајна лента и удрил во мостот, по што излетал и починал.
Tweet |