Петар Печков
Објавено: вторник, 26 мај 2015
Во вторникот навечер околу 18,45 ч. во близина на наплатната рампа кај Градско, од автопатот Демир Капија - Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која има две починати лица. Од силината на ударот на лице место починале Василка С. (34 год) и нејзиниот четиригодишен син.
Според сведоците на настанот патнички автомобил налетал на две товарни возила, камиони кои имале сообраќајна незгода и биле на автопатот. Возачот од непознати причини не ги видел и со десната страна од колата удрил, се забил во камионот. Од ударот на лице место починале неговата сопруга и синот кој седел на задното седиште. Сообраќајката се случила на 2 км. пред наплатната рампа Градско а семејството патувало во првец кон Скопје.
До несреќата дошло кога патнички автомобил марка „мазда 3“ со скопски регистерски ознаки сопственост и управуван од Г.С. (1982) од Скопје, удрил во товарно возило марка „мерцедес атего“ со скопски регистерски ознаки управувано од В.К. (1950) од Скопје, кое предходно удрило во товарно возило марка „мерцедес Кесон“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.М. (1971) од Скопје. Двете товарни возила биле сопрени и стоеле, поради меѓусебна сообраќајка - изјавија од СВР Велес.
Поради сообраќајната несреќа делницата од автопатот Градско до Велес беше повеќе од четири часа во прекин, до 23,30ч. а возилата го користеа стариот пат Градско - Велес.
Tweet |