Петар Печков
Објавено: недела, 06 мај 2018
Саботата попладне се случија два сообраќајки во велешко. Во првата се удрија автомобил и мопед а во втората се преврте трактор кај село Клуковец. Од МВР инфомираа за двата настани.
На крстосницата од улиците АСНОМ и Борис Трајковски се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил ,,фиат пунто,, со велешки регистарски таблички управуван од З.Л. ( 55 год) и мопед ,,априлија,, управуван од лице помладо од 18 години. Возачот на мопедот се здобил со повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа Болница Велес каде се констатирани полесни повреди и е пуштен дома - инфромираа од МВР.
Увидна екипа на СВР Велес излегла на терен и ќе ги испитува причините за незгодата.
Жител на село Клуковец се здобил со скршеници откако се превртел со тракторот и се спасувал од него. Незгодата се случила во саботата вечер близу селото Клуковец.
Во 19 часот, на локалниот пат село Клуковец - Велес, близу Горно Оризари се случила сообраќајна незгода коа се превртел трактот. Возачот .Т. ( 62 год) од село Клуковец се повредил обидувајќи се да се спаси кога неговиот трактор се излизгал по патот - информираа од МВР:
По укажаната прва помош на екипа од Брза помош при ЈЗУ Здраствен дом Велес, трактористот со возилото на Брза помош бил итно пренесен во Хирушкото одделение во Велес, каде му е укажана лекарска помош. Констатирана е скршеница на потколеница и е задржан на болничко лекување во велешката болница.
Tweet |