речник контакт

Сообраќајка на автопат, еден починат

Семејство од Белград патувало на одмор за Грција, возилото излетало кај Неготино, починал сопругот и татко, жената и децата вон животна опасност

Петар Печков

Утрово во 05,20час. на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, во близина на хотел „Парк“ , случена е сообраќајна несреќа, во која има еден починат и четворица повредени.  

Според СВР Велес  патнички автомобил марка "Daewoo“ со српски регистарски ознаки удирил лево во заштитна еластична ограда од автопатот по што  се префрла на другиот коловоз , автопатот А1 правец Демир Капија- Неготин .

Во несреќата починало едно лице, останатите четири лица се добиле со телесни повреди. Увид на лице место изврши надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.  Во времето од 05,20-08,30час. на правецот Неготино- Демир Капија сообраќајот се одвивал по една коловозна лента, на правецот Демир Капија- Неготино од 05,20час.  до 9,30 бил в о прекин.  

Четворицата патници се вон животна опасност, мајката со тешка телесна повреда децата минале  со полесни повреди. Совозачот, сопругот и татко на семејството починал на лице место.  Ова е билансот од сообраќајната несреќа која се случи утрово на  автопатот  А-1, на  влезот во Неготино.   Жената која во случајот била возач, раскажала дека патувале на одмор за Грција, а утрото нејзиниот сопруг поради премор побарал да го замени. По некое време, таа заспала и се случила несреќата.  

Утрово беа донесени пет лица, мажот  беше починат, додека сопругата имаше скршеници. Децата кои се на возраст од една до 10 години имаат помали повреди. Сите тие се надвор од животна опасност  – изјави д-р Кодовски. При излетувањето на автопатот починал Љ.В (55 год) а автомобилот го управувала  И.В. (41 год). Семејството било со лична карта на место  на живеење Белград.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »