Петар Печков
Објавено: петок, 17 август 2012
Сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Гевгелија во близина на Велес, каде потешко е повреден моторист. Несреќата се случила околу 15 часот во близина на клучката за Штип. До несреќата дошло кога мотористот скопјанецот Баже Ч. ( 46 год) удрил во комбе со скопски регистарски таблички, кое вртело кон Штип на необезбедено место. Од ударот мотористот Баже Ч. летал десетина метри подалеку а при падот се здобил со повеќе повреди.
Од екипата на Брзата помош бил префрлен во велешката Болница, ода каде поради сериозноста на повредите е пренесен на Клинички во Скопје. Според дежурниот доктор д-р Ванчо Граматов мотористот има повеќе скршеници на левата рака и не бил во животна опасност. Ма местото на сообраќајката се екипи на полиција кои ќе ги испитуваат како дошло до несреќата.
Tweet |