Петар Печков
Објавено: петок, 27 мај 2011
Сообраќајката се случила во 14,40 часот помеѓу два автомобила опел астра совелешки регистарски таблички, на клучката од автопатот Скопје - Гевгелија и магистралниот пат Велес –Штип, инфомираа од СВР Велес.
Во сообраќајката тешко е повреден П.К.( 44 год) возачот на едниот автомобил кој поради повредите на главата е префрлен во Клинички центар Скопје, додека неговата сопатничка е задржана на лекување во велешката болкница. Тука беа згрижени и возачот на вториот автомобил Л.Ш.( 39 год) и две деца,кои по укажувањето на помош се пуштени на домашно лекување, информираше дежурниот доктор Љупчо Леов од ЈЗУ Општа Болница Велес.
Според СВР Велес до сообраќајката дошло проади непочитување на страна по што едниот од автомобилите удрил во другиот од десната страна а до силината на ударот, двајцата патници во него се потешко повредени. Поради сообраќајката патувњето на релацијата кон источна Македонија, преку Велес се одвиваше со потешкотии, по споредни селски и земјени патишта.
Tweet |