речник контакт

Сообраќајка на експресниот пат Градско –Прилеп, деветмина повредени, двајца се пренесени на клиниките во Скопје

Во сообраќајката учествувале две возила

Петар Печков

Претпладнево на експресниот пат Градско – Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила а повредени се двете лица. Две од нив поради карактерот на повредата се пренесени на клиниките во Скопје а четири момчиња од Битола попладнево се пуштени од велешка болница. Први на терен стигнале екипите на велешката служба за Итна медицинска помош.

„Интервенирано е со две екипи, дадена неопходната здравствена помош и сите девет повредени патници се пренесени во велешка болница“ – информира д-р Славица Нешова Пановски, началник на службата на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„Претпладнето примени се  девет повредени лица, во сообраќајна незгода од два автомобили. Тешко повредени се двајца патници, маж и жена кои биле во исто возило. По извршени снимања, ,жената е со скршеници на лицеви коски и упатена на Клиниката за максилофацијална хирургија за понатамошен третман а мажот е со комплексна скршеница на десната подлактица и на негово барање е упатен во приватна болница во Скопје , Двајцата повредени се транспортирани  со возило на болницата и медицинска придружба.   Останатите седум патници се со лесни повреди, РТГ иследени и задржани во нашата болница за опсервација. Попладнево четирите момчиња се пуштени на домашно лекување“ – соопшти д-р Анамарија Џунџева портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

Попладнево со детали са сообраќајката и од велешката полиција.

„На 30 јули 2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48 год) од Скопје.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45 год) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50 год) и С.П.П.(42 год), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18 год), А.М.(18 год) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес“ – кажа Билјана Ѓаковска од СВР Велес.

Сообраќајот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп бил затворен за сообраќај три часа и  нормализиран   во 11:35 часот.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »