речник контакт

Сообраќајка на патот кон езеро Младост, три лица повредени, еден е префрлен на клиники во Скопје

Се судриле два автомобили

Петар Печков

Вчера доцна попладне на регоналниот пат Башино село- езеро Младост, веднаш по надвозникот од автопатот се случила сообраќајна несреќа. Учествувале два автомобили а три лица се здобиле со тешки телесни повреди. Првa на местото на настанот била екипа на Итната помош.

„Пружена е неопходна здравствена нега. Едниот пациент се жалел на повреда на глава,вториот   на граден кош и третиот на потколеница.  Пренeсени се во Ургентен центар. Сите пациенти се навозраст од 20 до 30 години“ – соопшти д-р Василка Пановска, началник на Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил едно лице К.М., додека две  И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25 год) од с.Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.  За карактерот на повредите од информацијата од Општа Болница Велес.

„Во 19 часот и.15 минути се примени се  тројца пациенти повредени во сообраќајна незгода. М.Б 25 години ,женски пол, со повреда на лева подколеница, И.А. 23 години,машки пол,со повреди на глава и граден кош и К.М. 31 година,машки пол,политраума. На сите им е укажана итна медицинска помош од страна на доктор специјслист хирург и се упатени на оддел за радиодијагнистика каде се направени прегледи на Компјутерска томографија. Констатирана е повреда на глава кај пациентот И.А Кај К.М. констатирани се повреди на граден кош и кичма.  М.Б. И.А се згрижени на понатамошен третман и лекување на оддел за хирургија,ортопедија и трауматологија при ЈЗУ Општа болница Велес К.М, поради сериозноста на повредите е упатен на Универзитетска Клиника Скопје“- соопшти Марина Андова, портпарол на  Општа болница Велес.

Деталите од сообраќајката ги објави СВР Велес.

„На 22 мај  во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес- Езеро Младост, во близина на крстосницата кај Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа мито“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23 год) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки,управувано од К.М.(31 год) од Велес“ - соопшшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »