Петар Печков
Објавено: недела, 02 јули 2017
Саботата вечер година околу 19,45 часот на регионалниот пат Велес – Штип, по крстосницата за Мамутчево и место викано „Црна Точка“, во сообраќајна незгода има тројца починати и двајца тешко повредени. До сообраќајте дошло помеѓу два автомобили ,,голф,,.
Во сообраќајната незгода учествувале автомобил Голф 4 со регистарски број ВЕ 0276 АБ и автомобил Голф со регистарски број КУ 804 МЈ. Во голфот со кумановски таблици биле четворица лица од кои еден маж, две жени и едно дете. На лице место починал мажот и една жена додека другата жена е префрлена во Општа Болница Велес каде и починала , а детето и возачот од другиот автомобил се префрлен во Ургентен центар –Скопје – информираа од МВР.
Според полицијата во патничко моторно возило „Голф 4“ со велешки регистарски таблици управувал од П.Ѓ.(41) од Велес а со патничко моторно возило „Голф“’ со кумановски регистарски таблици управувал од С.С. (45) од Крива Паланка.
Во незгодата на самото место починале возачот С.С. и сопатничката од истото возило Б.С. (55) од Крива Паланка додека другата сопатничка од истото возило Д.Ј. (32) од Велес била пренесена во Општа Болница - Велес каде од страна на лекар била констатирана смрт.
Тригодишно девојче како и возачот од другото возило П.Ѓ. со здобиени тешки телесни повреди о биле пренесени во Ургентен центар–Скопје.
Сообраќајот шест часа, од 20,15 до 2 часот на 02.07.2017 година бил во прекин во двата правци. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Свети Николе. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Tweet |