Петар Печков
Објавено: четврток, 09 мај 2024
Средата вечер дошло до сообраќајка во која учествувале автомобил и рабаџиска кола. Во инцидентот, жената која ја управувал запрежната кола се здобила со скршеница. Детали од информациите на СВР ВЕлес и Општа болница Велес.
„На 08.05.2024 во 20.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес–село Извор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.М.(44 год) од Велес и запрежно возило, управувано од Л.Ц.(64 год) од село Извор, општина Чашка“- информриа Биљана Ѓаковска,портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц. констатирани во Општа болница Велес.
„Во 22 ч е донесен пациент од женски пол на 64 г возраст,примена е во Ургентна единица во ЈЗУ Општа болница Велес. Укажана и е итна медицинска помош и пациентката е упатена на оддел за радиодијагностика ,каде е направено рентгенграфија на десно рамо и Компјутерска томографија на глава и граден кош. Констатирана е фрактура на десно рамо. По укажана помош од страна на хирург,пациентката по третман и опсервација е пуштена на домашно лекувањe“- кажа Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката.
Tweet |