Петар Печков
Објавено: вторник, 28 март 2023
Понеделникот навечер, по случена сообраќајка, на два камиони, едниот од возачите, физички го нападнал колегата.
„На 27 март во 21.35 часот во ОВР Кавадарци, Х.Н (52 год) од Градско пријавил дека на регионалниот пат Градско - Прилеп, поточно во близина на бензинска пумпа, по случена сообраќајна незгода помеѓу две товарни возила, по кратка вербална расправија, бил физички нападнат од П.И (47 год) од Кавадарци“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВЕ Велес.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
фото архива
Tweet |