Петар Печков
Објавено: петок, 24 декември 2021
Вчера, четврток претпладне, околу 11ч. на излезот од Велес, кај Петрова чешма се случила сообраќајка помеѓу запрежно возило и автомобил. Во неа едно лице е тешко повредено а другите се здобиле со лесни повреди. Автомобилот според сведоците бил многу оштетен од надворешна страна.
„На 23.12.2021 околу 10:50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – исклучок за село Мамутчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од И.С.(47) од село Горобинци, светиниколско и запрежно возило, управувано од И.З.(75) од Велес“ - информираа од СВР Велес.
Во несреќата И.З. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот во запрежното возило С.У.(65) од Велес, возачот ма автомобилот И.С. и сопатничката во неговото возило В.С.(74) од село Горобинци се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
„ Во текот на претпладнето донесени се тројца пациенти на одделението за хирургија, кај едното лице констатирани се скршеници на ребра, како и набиеници. Други две лица се здобиел со лесни повреди и се пуштени дома. Четвртиот пациент, поради акутна реакција ан стрес состојба кој го доживеал, е однесен на нервно одделение“ - кажа д-р- Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Увид на лице место извршила екипа на СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за сообраќајката
Tweet |