Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јули 2018
Саботата напладне сообраќајка помеѓу автомобил и мотор, мотористот се тешки повреди пренесен на Болниците во Скопје. Се случила близу споменикот на Панко Брашнар. МВР со соопштение за настанот.
Саботата на 7 јули околу 14,30 часот на крстосницата од улиците „Андон Шурков“ и „Благој Ѓорев“ во Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено Меган“ со велешки регистарски ознаки управувано од В.Л.(44) од Велес и мопед „Априлија“ со велешки регистарски ознаки управуван од С.П.(45) од Велес- информираа до МВР.
На возачот на мопедот кој бил повреден му била пружена лекарска помош од доктор на Итна медицинска помош и бил пренесен во ЈЗУ општа болница - Велес. Таму му биле констатирани тешки телесни повреди и според портпаролот Весна Лазареска истиот бил препратен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" на компјутерски томограф заради снимање и е задржан таму на лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на сообраќајната полиција и се работи на целосно расчистување на случајот.
Tweet |