речник контакт

Сообраќајка после тунелот кај Катланово, тројца патници пренесени во велешка болница (видео)

Двајца од патниците се здобиле со тешки телесни повреди а кај возачот имало лесни повреди

Петар Печков

Вчера попладне, понеделник, на автопатот Скопје - Велес - после тунелот кај Катланово се случила сообраќајна несреќа. Автомобил, од засега непознати причини се превртел на кров видео.

Автомобилот бил марка „голф“ со велешки регистарски таблички од подрачјето на Кавадарци.
„На 21 август  околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје- Велес, во близина на место викано „Манастири“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.И.(77 год) од Кавадарци, изгубило контрола и удрило во ѕид покрај патот. По несреќата возачот П.И. и сопатниците Е.П. (37 год) и една малолетничка биле пренесени во Јавна здравствена установа Болница Велес“  - соопштија од МВР.

Од велешка болница информираа дека попладнето кај нив, на хирургија  бил  примени три пациенти, маж, жена и девојка.

„Кај жената и девојчето има констатирано скршеници на клучна коска и повреди на глава, дадена им е потребна здравствена нега. Кај мажот има  лесни телесни повреди и сите тројца утрово се пуштени дома“ - информира д-р Елена Левкова Ќулумова, задолжена за односи со јавност при Општа болница Велес.

Поради сообраќајкта имаше застој со километарска колона возила на делницата од автопатот Катланово - Велес видео. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »