Петар Печков
Објавено: четврток, 07 октомври 2010
Незгодата се случила на тој начин што возачот на автомобилот се движел по патот во правец Велес - Башино Село по десната коловозна лента. Кога дошол на критичното место каде што е кривина во десно, со автомобилот поминал на левата коловозна лента, а потоа продолжил да се движи по земјената тревна површина и со возилото удрил во две дрва, по што се превртел неколкупати, за на крај да удри во бетонски столб.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот Ване Лaзов (22) од Демир Капија и сопатникот Русе Стојанов (29) од Велес, кои на пат кон Медицински центар Велес починале. Сопатникот Валентина Н. (17) од Велес е пренесена во Медицински центар Велес каде по укажување на лекарска помош е пуштена на домашно лекување. Истрагата треба да утврди дали причината за несреќата е пребрзото возење, лизгавиот коловоз поради врнежливото време или нешто трето.
Tweet |