Петар Печков
Објавено: петок, 18 април 2014
Утрово околу 4,15 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која има еден починат. Таксистот Орце Атанасов (52 год) починал на лице место , додека Е.Б. ( 21 год) минал без повреди. Според сведоците возилото марка БМВ доаѓало од улица Благој Ѓорев и удрило во возилото ,,сеат ибица,, кој сообраќало од улица 8-ми септември кон улица Алексо Демниевски. Глетката од сообраќајката била стравична.
Спиевме кога наеднаш слушнавме силен тресок. Помисливме дека е земјотрес. Излеговме на тераса и кога гледаме сообраќајка. Возачот на таксито не можеа да го извадат од колата, мораа да ја сечат пожарникарите. Имаше доктори, а кога го извадија тој беше починат – велат очевидците.
Поради страотната глетка и последиците, по завршувњето на увидот, комуналците на ЈКП Дервен мораа да ја перат улицата.
Од СВР Велес ја потврдија информацијата. Додаваат дека БМВ-то го управувал Е.Б, додека таксито сеат ибица О.А. Објаснуваат дека истрагата ќе покаже дали и колку промили алкохол имало кај учесниците во сообраќајката, и со која брзина возеле.
Ова место, спојот на улиците Благој Ѓорев и 8-ми септември е критично а уништената канделабра не е прва која е колатерална жртва на сообраќајки на спојот од овие две улици. И пресеченото дрво е токму поради тоа, од удар на автомобил во него.
Tweet |