Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јануари 2012
Скопјанка загина во сообраќајка, откако автомобилот во кој била удрил, во крава која се движела по автопат. Алмина М. ( 36 год) трагично го загуби животот вчера попладне околу 16,30 часот на автопатот Велес – Скопје, во близина на приклучокот од Штип, откако автомобилот рено лагуна управувано од сопругот на починатата Е.М.( 35 години) удрил во крава која ја минувала коловозната лента.
Веднаш потоа во нив од задна страна удира и форд мондео, управуван од З.Е. ( 45 год). Во незгодата сите четворица патници од рено лагуна се повредени. Според дежурниот лекар од велешката Болница Влатко Вишинов пациентката починала на самото место и во ова здравствена установа била донесена мртва, додека сопругот и двете малолетни деца минале со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
За причините за смртта на Алмина М. ќе се дознае по обдукцијата која е извршена по наредба на истражен судија и јавен обвинител.
Tweet |