Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 февруари 2021
Во неделата на 7-ми февруари извршена е сообраќајна контрола дали и колку се почитуваат сообраќајните прописи, управување со возило под дејство на алкохол. Контролата била и по улиците на Велес, во траење од шест часа.
Во времето од 20 ч. до 2 ч. на подрачјето на СВР Велес спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што, се регистрирани 18 прекршоци, од кои 11 Велес, два во Кавадарци и пет во Неготино. Против овие лица ке бидат поднесени соодветни пријави - кажа Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Истовремено вакви акции се изведени и во Штип, каде имало 14 возачи, во Струмица и Скопје по 13, на територијата на Битола и Прилеп 30 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, во Охрид 4, Струга и Кичево по двајца и еден во Дебар.
Tweet |