речник контакт

Сообраќајна незгода после наплатна рампа Сопот, колона возила до Катланово

Двете поведени лица од Прилеп минале со лесни повреди

Петар Печков

Четири часа сообраќајот на делницата од автопатот Скопје – Велес беше со големи колони возила. Поради увидот кој се извршуваше на лице место, за сообраќајка која се случила околу 13ч , после патарина Сопот,  колоната возила беше до Катланово. За ова информираа возачите кои бараа информација, што се случува.

Не беше ни малку лесно да се издржи со часови на жешкото сонце и темепратура над 30 сепени попладнево, во автомобил, или автобус, коментираа патниците.  

Автообилите се преупатуваа преку езеро Младост, додека камионите и автобусите останаа на автопат. Сообраќајот беше нормализиран околу 17,15ч. соопштија од Автомото сојуз на Македонија.

Интервенирала и екипа на ТППЕ Велес.

„На ден 6 јуни во 13 часот од страна на полиција примена е дојава за превртено комбе на автопатот Скопје - Велес  после патарина Сопот. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 4 пожарникари спасители  по пристигнување на лице местом извадени се повредените лица“- соопштија од ТППЕ Велес.

Што се однесува до повредените, две лица имале само полесни повреди.

„Примен е повик во 12,55ч за сообраќајна незгода после наплатна рампа Сопот. Екипа на Итната помош беше на лице место, повредени се двајца патници од Прилеп. Згрижени се на лице место, потоа транспортирани до Општа болница Велес за натамошно иследување. И двете лица се во свесна состојба“ – кажа др- Василка Пановска, началник на службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.

„Попладнево се примени две повредени лица во сообраќајка. Извршени се радиолошки прегледи на глава, нема констатирано повреди и задржани се на  посматрење. Доколку се биде во ред, до вечер ќе бидат путешни дома“ – кажа Марија Трајковска од   Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »