речник контакт

Сообраќајната полиција контролирала дали се вози под дејство на алкохол, колку брзо се вози низ град

За два дена 24 возачи во Велес, 48 во Кавадарци и 50 во Неготино возеле побрзо од дозволените 40 км/ч низ град

Петар Печков

Сообраќајната полиција викендов во Велес имала три контролни акции. Две се однесуваат на дали возачите ја почитуваат пропишаната брзина за возење низ град и една е дали возачите биле под дејство на алкохол.

На 23-ти јануари  во времето од 20 - 02  часот на подрачјето на Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што, се регистрирани пет прекршoци. На 23-ти јануари во времето 8.00 – 16 часот  на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои  управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што, се констатирани 41 прекршок, од кои 10 во Велес, 11 во Кавадарци и 20 во Неготино.На 24-ти јануари во времето од 8  - 16  часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што, се констатирани 81 прекршок, и тоа, 14 во Велес, 37 во Кавадарци и 30 во Неготино- кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Против сите лица возачи, кои ги прекршиле сообраќајните прописи,  ке бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »