Петар Печков
Објавено: среда, 15 мај 2019
Сообраќајна контрола извршила полицијата во текот на вчерашниот ден, вторник. Проверувала колку возачите ги почитуваат сообраќајните правила.
На 14 мај во СВР Велес извршена е контрола на возачи кои престигнуваат непрописно и не држат страна на движење. При тоа се регистрирани 12 возачи кои направиле ваков прекршок, од кои, во Велес девет и во Кавадарци три возачи, а во Неготино не се регистрирани возачи кои направиле ваков прекршок - информираат од СВР Велес.
Против сите, кај кои е констатирано прекршок, ќе бидат поднесени прекршочни пријави.
Tweet |