Петар Печков
Објавено: недела, 26 ноември 2023
Автопатот Велес - Катланово од вчеравечер после 22 часот е прооден, соопштија од Центарот за управување со кризи. Сообраќајот на оваа делница од автопатот Велес - Скопје беше во прекин три и пол час, поради тоа што на лизгавиот пат, се превртел камион. Имаше и голем број на возила, заглавени на преминот Кула.
Во тој периодот сообраќајот, поточно возила беа пренасочувани преку Свети Николе. Од денес од 13,30 часот пуштен за сообраќај е и патот за село Иванковци, а од утрово и кон Подлес.
Отстранет е дефектот за електро снабдувањето за Богомила, но жителите на Ореше, Папрадиште, Бистрица,Нежилово, домот на Чеплес, уште се без струја.
Tweet |