Петар Печков
Објавено: четврток, 10 јануари 2019
Според збирната информација добиена од Центарот за управување со кризи во 10 ч. сообраќајот во поширокиот велешки регион се одвива отежнато, но прекини немало. Снегот кој вчера падна, го поремети редовниот патнички сообраќај.
Најмногу проблеми засега имало на делницата кон Чашка и Извор, каде имало застој поради извртен автомобил на сообраќајната лента. Со потешкотии се одвива и сообраќајот кон Богомила и селата Долно и Горно Јаболчиште.
Се расчистуваа и снегот на патиштата кон Отовица, Иванковци, Мамутчево, Сујаклари, Оризари, Сливник и Бузалково, но според податоците кои ЦУК ги добил од локалната власт, застој немало. Екипи на ЈКП Дервен, ГП Изгрев и ЈП Македонија пат биле на терен и го расчистувале снегот.
На Автобуската станица Велс досега автобусите стигнувале со 10 до 15 минути задоцнување, додека на железничка станица Велес единствено доцнел утринскиот од Битола 20 минути, сите останати биле на време. Се чистат и главните градски улици. Годинава за чистење на патишата и улиците во велешко тендерот во висина од 2 милиони денари го добија Изгрев и ЈП Македонија пат.
Tweet |