речник контакт

Сообраќајци сеирџии, со двојни аршини

Велешките полицајци - сообраќајци покажуваат нерамноправност кон учесниците во сообраќајот и промовират двоен аршин и не еднакавост, во зависност од близината кон нив. За едни казни, за други срдечни поздрави

Петар Печков

Оваа фотографија направена во  вторник околу 14,45 часот на плоштадот Сармаале на дело го покажува двојниот аршин на сообраќајните полицајци. И додека на таксистите им покажуваа во пракса како се спроведува законот, ова црно возило, од другата страна на улицата може што сака да прави.

Откако си мавнаа и се поздравија сопственикот и полицајците, колата го окупираше тротоарот, пешачката зона, газдата си замина а автомобилот како и неделите претходно остана 20 од 24 часа на место каде не смее да се паркира. И бадијата беше негодувањето на таксистите, кои добиваат казни за било каков прекршок,други возачи, во зависност од близината со полицјаците добиваат и срдечни поздрави.

Но полицајците минуваат на црено на cемафорите, не пропуштаат пeшаци на пешачки премин. Исти се како со светшеникот од вицот, кој објаснувал, не гледај што рабтам, туку слушај што и зборувам.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »