Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2015
Вторникот претпладне регистриран е сериозен случај на семејно насилство во Велес, сопругот крвнички ја претепал сопругата. Поради повредите здобиени од ударите, жената е згрижена во велешката Болница.
Велешката полиција го потврди настанот и дополни дека против сторителот поднела две кривични пријави за насилство и за нанесување на повреди со опасно орудие. Од соседите на фамилијата се дознава дека прво имало жестока семејна расправија, кавга меѓу мажот и жената, по што нервозниот сопруг прво со кујнски нож а потоа и со гасен пиштол ја нападнал жена си.
Поради бројноста и тежината на повредите жената била пренесена во велешката болница, каде е згрижена. Полицијата го сослушала насилникот, против него ги поднела двете кривични пријави и тој е пуштен дома. Во првите шест месеци годинава имало шест случаи на семејно насилство, што е за два повеќе отколку лани во истиот период.
Tweet |