Петар Печков
Објавено: сабота, 13 јули 2024
Жената го нападнала сопругот, додека возел и се враќале од одмор од Грција, па тој ја оставил со повреди на автопат. Жената е згрижена во болницата во „Негорци“. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 12 јули во 19.50 часот на автопатот А1 Демир Капија-Неготино, после наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР Неготино ја пронашле С.М.(49 год) од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М. (52 год) од Република Србија кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивниот малолетен син и внука од одмор од Р.Грција, сопругата која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка во автомобилот и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон Граничен премин Табановце“- соопштиј Биљана Ѓаковска, портпарол нa СВР Велес.
Од страна на Итна медицинска помош Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што е пренесена во психијатриската здравствена установа „Негорци“.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.
Tweet |