Петар Печков
Објавено: четврток, 10 ноември 2016
Започна судењето за смртта на родилката Кадиева од Дојран и нејзиното бебе кое се случи на 22 октомври минатата година. На обвинителната клупа седнаа гинеколозите струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год) како и на анестезиологот Томче Ванчев (56 год) до Гевгелија.
Тие се обвинети за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. Во емотивното и нестандардно обраќање на обвинителката Славица Темелковски, таа излезе пред обвинетите и преполната судница на Основен суд Велес, и ги покажа фотографиите на починатата Маја Кадиева ( 32 год) и нејзината шест годишна ќерка Матеја која остана без мајка, поставувајќи прашања.
Зошто почина Маја? Зошто згаснаа детските соништа на Матеја? Затоа што тројцата обвинети сториле грешка во работењето и покрај Хипократовата заклетва не постапиле совесно и согласно протоколите. Тоа ќе го докажеме со материјалите докази, со изјавите на сведоците и на вештото лице – изјави Темелковски.
По ова тројцата обвинети се изјаснија за невини, дека со ништо не придонеле са фаталниот исход и дека можат да бидат само сведоци во процесот. Како сведок прв беше сослушан сопругот на починатата Маја. Тој исто така е емотивно го раскажа последниот ден од нејзиниот живот.
Претпладнето бевме нај матичниот гинеколог за да добиеме упат за редовна контрола на плодот а неговото раѓање беше најавено за 2-ти ноември. На телефон не побраа сестра од акушерско од Гевгелиската болница, која ни рече да дојдеме веднаш оти за вечерта било закажан царски рез за породување. Кога се качивме доктор Чалков ни кажа дека поради празникот 23 октомври може да се случи ако сопругата се породи, да нема доктор, па најдобро е вечерта во 19 ч. да се изврши царски рез. Бременоста на сопругата и плодот беа во ред како и сите наоди извршени во меѓувреме. Во закажаниот термин не започна операцијата оти немало анестезиолог, тоа ми го кажаа докторите Чалков и Москов. Ме внесоа во некоја соба, која беше за дежурен доктор таму да чекам. По одредено време дојде д-р Чалков и ми кажа дека еќ го репкине породувањето по што се јави некому и телефонски порача ,,дојди да видиш во каква пијана состојба ти е персоналот,,. По ова тој излезе од собата а за кратко време и јас. Тогаш видов некоја нервозна ситуација по ходниците, трчаница. Прашав што се случува д-р Чалков и Москов ми кажаа ,,ништо, комплицирана и сериозна е состојбата,, . Подоцна прво ми кажаа дека е починато бебето а околу полноќ дека починала и сопругата - раскажа Кадиев.
Тој потоа пред велешкиот суд го праша директорот на Општата Болница во Гевгелија, зошто не си поднесе оставка, откако за ,,Утрински,, изјави ако се докаже дека докторите биле пијани ќе си поднел оставка, што во меѓувреме се докажало. Како сведоци од судечкиот совет се појавија и двајца доктори кои вечерата подоцна биле присутни во операционата сала.
Ме повикаа во 21,50 часот за три минути стигнав, бидејќи сум на повик. Од друга сала, преку стакло го следев случајот во салата имаше 2 гинеколози, по еден анестезиолог и интернист, директорот –кардиолог, една сестра и една инструментарка. Жената беше почината, беше модра по главата и градите. Гинеколозите за така братко време го извадија бебето, што досега немам видено. Кога го извадија бебето немаше витални знаци. Заедно со Ванчев го реанимиравме бебето, оти тоа беше мртво родено , но не успеавме да го вратиме во живот - изјави педијатар Ице Дојранлиев, кој работи приватно а во болницата доаѓал по потреба. Сведочеше и интернистот, кој вечерта итно бил повикан на помош.
Со доктор Ванчев вршевме реанимација на жената, таа немаше срцеви реакции и не дишеше. За два и пол часа имаше само неколку кратки срцеви реакции и тоа беше се. По некое време прашав зошто не се вади бебето а гинеколозите ме прашаа мене, дали смеат и на мојот потврден договор, тие за кратко извршија царски рез и го извадија – изјави д-р Матх Патрик интернист.
Породувањето на Маја Кадиева, од Дојран кое заврши со смртен исход и по неа и нејзиното бебе се случи на 22 октомври мината година во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија. Според обвинителниот акт вечерта во закажаниот термин медицинскиот тим не бил комплетиран поради едночасовно доцнење на анестезиолог Ванчев кој пристигнал во видлива алкохолизирана состојба.
Тој безуспешно се обидувал пациентката да ја воведе во анестезија со интубација, по што го повикал на помош својот колега – сега покојниот З.Ј. кој исто така бил во алкохолизирана состојба и направил неколку неуспешни обиди за интубација.
Спротивно на Упатството за безбедна хирургија на Светската Здравствена Организација, согласно кое предвидениот број на обиди за интубација не треба да биде поголем од 3, ниту да трае подолго од 10 минути, во случајов постапката траела речиси 30 минути, поради што смртта настапила како последица од задушување.
Судењето продолжува со сослушување сведоци кон крајот на декември.
Tweet |