речник контакт

Сопружниците Јанкови од Велес уживаат во новиот спорт, стоечко веслање на даска

Двајцата сопружници се основачи на СУП Клуб Велес, кој постои две години

Петар Печков

Велешаните, сопружниците  Росана и Анде Јанкови, летово беа дел од СУП Регата во Србија, одржана  на 17 и 18 јуни , каде што успешно извеслаа 101 км на СУП даски по Дунав  од Нови Сад до Белград. Тие беа заедно со околу  50 учесници од Балканот меѓу нив и шестмина Македонци.  Стоечко веслање на даска е нов спорт, кој добива се поголема популарност во светот.

„Стоечкото веслање на даска е спорт на вода, роден од сурфање со модерни корени од Хаваите. Со балансирање и стоење на самата даска и со помош на весло и правилно веслање, лицето се   движи  низ водите. Овој спорт е еден од најбрзорастечките во светот и е доста атрактивен, секој може да го проба и за брзо време да го совлада“ - вели Росана Стаменкова Јанков.

Учеството на настанот во Србија,  било веслање на реката  Дунав од Нови Сад до Белград, во времетраење од два дена, со кампување и  ноќевање. Вкупно биле  извеслани  101 км, по 50 км на ден. Просечно време на веслање на даска било  шест часа на ден. Имало учесници од Србија, БиХ, Словенија, Унгарија, Романија и Македонија.

Оваа сабота на 22 јули Росана и Анде  имаат повторно авантура, ново учество, како и лани,  овој пат  во Охрид на „LAKE OHRID SUP CROSSING 2023“. Двајцата сопружници се основачи на СУП Клуб Велес, кој постои две години.

„Верувајте сакаме овој спорт да живее  на велешкото езеро Младост. Во врска со нашите  активности како клуб, идејата ни е да бидеме поразлични од останатите, за да не се поклопуваме“ - вели Анде Јанков, кој е  млад автор, писател и досега има издадено четири книги.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »