речник контакт

Сопственик на 6 илјади поштенски марки од цел свет

Велешанецот Мики Лазаревиќ се гордее со шесте илјади поштенски марки со кои располага.

Петар Печков

Велешанецот Мики Лазаревиќ се гордее со шесте илјади поштенски марки со кои располага. Филателијата е неговото хоби, со чие посредство може баз пасош и визи да шета по светот, за малку да се избега од реалноста. На неговиот поштенски атлас се малку познати држави, кои тешко можат да се најдат на мапата, но затоа тој ги има државните обележја, поштенските марки.

- Поштенската марка е вид на државна давачка, такса за извршена поштенска услуга и има голема вредност. Има случаи кога преку нејзино фалсификување се сакало да се ослаби некоја држава. Имало многу такви случи посебно во ИИ Светската Војна - објаснува триесет и осум годишниот Мики Лазаревиќ, кој е дипломиран агроном.

Неговата професија има малку допирни точки со филателијата. Со собирање на марките започнал на полнолетството, решил матурата да је помни токму по тоа.Се случило во 1987-та година кога бил на екскурзија и го посетил Дубровник. И додека неговите соученици купувале сувенири, тој размислувал што да земе како спомен. Во еден киоск видел убава поштенска марка со коверт, се воодоошевил ја купил.Тоа му бил подарок на самиот себе за матура  Оттогаш тие станале негова страст, хоби, голема љубов.  Следната година кога бил војска во Загреб колекцијата се збогатила уште повеќе, бидејќи имал можност да се снабдува со оригинални изданија. За двесетина години собрал повеќе од шест илјади марки од стотина држави во светот. За разлика од некои други хоби, ова не зафаќа простор. Тие се сместени во десетина албуми и не се тешки за чување и одржување.

- Марката која се одлепува од коверт треба да стои во млака вода и откако сама ќе се одлепи се става во впивачка хартија, по што се става во албумот.Важно е задната страна, филцот, да не биде оштетена. Ова се однесува само на користените марки кои немаат голема вредност. Филателистите собираат непоништени специјални едиции. Највредни се тие кои се издаваат со коверт на кој е втиснат и жигот на поштата и првиот ден на промет, овие се ретки и скапи - вели Мики. Објаснува дека тешко може да се зборува колкава е нивната вредност, бидејќи повеќе имаат сентиментална, емотивно значење.

\"\"

За секоја од  повеќе илјадите примероци тој има приказна, како е набавена, што значи, бидејќи таа е издадена за некоја пригода, настан, годишнина или јубилеј. За да се стигне до нив, филателистите најчесто се преплатуваат а во игра се размена по приватни канали. Вели дека е штета што продавницата на Бирото за филателија во Скопје е затворена па потешко до се доаѓа до македонските изданија. Додава дека интересот за собирање на поштенски марки е намален, што се должи на намалениот проток на поштенски марки и интеренет како глобална комуникација. Открива дека при печатењето по грешка или невнимание, може да се случи дел од марките да бидат со помалку од стандардните 11 или 13 запци од страната или истите да ги нема. Таквите се мошне ретки и скапи а може да се случи собирачот и да не знае дека има вистински раритет.

- Во одредени случаи, кога во државата не можело да се воспостави со печатење, систем  на поштенски марки, се применува превземање марки кои се присутни на територијата и се на располагање. Таков е случајот од 1945година во ФНРЈ кога на територијата на Словенија се употебувале марки со ликот на Хитлер, во Хрватска на НДХ, во Србија со ликот на кралот. Вакви примери има и во Австрија, Италија, Југославија не била единствена која така постапила тогаш - вели Мики, кои поседува некои од нив и ги смета за вистинско богатство. На нив со претисок, прештампување, се пишува името на новиот корисник, новата држава.

Голема вредност имат поштенските марки од помалите држави, кои поради малата територија, малиот број жители, имаат и мал тираж, за разлика од една Русија, Кина или Индија, кои марките ги печатат во милионски тиражи и до нив полесно се стигнува.Голема вредност имаат и авионските специјални изданија, кои се ретки, поскапи се од другите едиции бидејќи служат само за авионска пошта и денес се помалку се издаваат Лазаревиќ се гордее со ова негово хоби, за кое интерес покажува и синот.

\"\"

На прашањето која марка има најголема вредност, тој одговара дека за него тие имаат повеќе емотивно значење и врзан е за нив, посебно за првите примероци кои го обезбедило. Негова целна група сега се марките од опкружувањето на Македонија, до кои полесно се стигнува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »