речник контакт

Сопственик пријавил дека со пушка е застрелано неговото куче, домашен миленик

Настанот се случил во околината на село Карабуниште

Петар Печков

Средата околу пладне жител на велшко село пријавил дека неговото домашно милениче, куче е застрелано. Детали од информација од СВР Велес.

„На 27 декември во СВР Велес, Г.Н. од село Карабуниште, велешко, пријавил дека околу 12.00 часот во атарот на селото едно лице со истрел од пушка го усмртил неговото куче –домашен миленик“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Од полицијата најавуваат дека  преземаат мерки за расчистување на случајот.

И покрај предвидените строги казни за убивање и измачување на животни, во земјава не  престануваат ваквите настани. За мачење на животни и суров третман, предвидена е парична казна или затвор до шест месеци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »