речник контакт

Сопственикот на свињарската фарма во Амзабегово доби кривична пријава, за смртта на еден работник а другиот има тешки здравствени последици

Државниот инспекторат за труда констатирал неколку сериозни попусти кои довеле до несреќата

Петар Печков

Против сопственикот на свињарската фарма во селото Амзабегово, државните инспектори за труд  ќе поднесат кривична пријава за тој да одговора за пропустите кои ги направил при работењето.

По извршените вонредни инспекциски надзори на фармата, каде од труење загина еден работник а друг заврши со тешки здравствени последици,  инспекцијата утврдила дека не се преземени соодветни мерки во согласност со прописите од областа на безбедност и здравје при работа.

„Работодавачот дозволил пристап на ангажираните работници О.Т. и С.Ј. на работни места на кои биле изложени на сериозни и специфични опасности, а притоа не добиле посебни упатства за работа, во работниот простор не биле поставени знаци за опасност, предупредување и знаци за задолжително однесување. Работодавачот не изготвил и спровел изјава за безбедност со спроведување на постапка за Проценка на ризик на работните место помошник мајстор на кое работел сега починатиот работник О.Т. и на работното место општ работник на кое работел повредениот работник С.Ј. Работодавачот не обезбедил соодветна обука од областа на безбедност и здравје при работа врз основа на програма за специфичноста на работните места помошник мајстор и општ работник. Работодавачот не обезбедил соодветна лична заштитна опрема за двајцата повредени работници“ -соопштија од Државниот инспекторат за труд.

Инцидентот се случил на  8 јануари  околу 10.30 часот. На лице место починал работникот О.Т. (45 год), а второто лице, односно работник С.Ј. (52 год) беше пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“.

Според првичните информации починатиот работник О.Т. ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »