Петар Печков
Објавено: петок, 14 февруари 2014
Учениците од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари започнаа заеднички проект со нивните врсници од училиште од Фрајбург Германија.
Проектот е насловен ,,Еден ден во семејството,, и започнат е да се реализира од ноември минатата година. Активностите на учениците опфаќаат изработка на новогодишни честитки, цртање на стрип моето семејство и други настани кои се во проектот.
До соработката е дојдено по престојот на професорката Тања Николова на семинар во Фрајбург и остварениот контакт со професорката од тамошното училиште Карен Алст.
Заедничкиот проект завршува овој месец, кога учениците пред нивните родители ќе го покажат сработеното, преку презентација на се што овие четири месеци учениците од ОУ Рајко Жинзифов изработија.
Tweet |