речник контакт

Соработка на стопанските комори на Сомбор и Велес

Потпишан е договор за соработка на стопанствениците на двата града и региона

Петар Печков

Стопанската комора на Сомбор и Регионалната комора на Велес потпишаа договор за соработка меѓу двата региони, Повардарието и Западно Бачкиот округ.  Тој дојде во рамките од збратимувањето на двата града Сомбор  од Србија и Велес и посетата на бројна велешка делегација на овој град од северот на Војводина. Спогодбата  беше верификувана од првите луѓе на овие две институции, кои очекуваат дека  соработката меѓу фирмите од овие два региони на Србија Македонија со тоа ќе се продлабочи.

Заради наминување на слабостите во работењето, мислам дека е неопходна економска унија на државите од поранешната Југославија. Со тоа ќе се надминат сите сегашни недостатоци – изјави Трајче Трајков претседателот на Регионалната стопанска комора. Овој предлог наиде на интерес кај војводинските стопанственици кои во голем број присуствуваа на средбата.

 

Тоа е прифатлива идеја која е во корист и на задоволство на стопанствениците. Големо е значењето на економската соработка помеѓу регионите. На вакви средби, како денешната се разменуваат идеи, искуства за надминување на проблемите – изјави  Татјана Меглиќ претседател на Стопанската комора на Сомбор.

Таа презентираше бројки дека лани во Македонија, Западно Бачкиот округ извезол стока во вредност од 10,8 милиони евра а увезол од Македонија стока во висина на скромни 1,8 милиони евра, што ќе рече дека тоа е со нашата земја имаат дефицит од 9 милиони евра. На свеченоста присуствуваа и градоначалниците од Велес и Сомбор, сега веќе збратимени градови.

Збратимувањето на двата  града е вовед во натамошната соработка и на економско поле. Стопанствениците се рамноправен партнер за соработка, тие не се само субјекти кои треба да плаќаат данок и давачки, туку  субјекти кои го движат напредокот на општините – изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. Општина Велес има 60-тина илјади жители со 20 илјади вработени и 14 илјади невработени, додека Сомбор има 100 илјади жители со 22 илјади вработени и 7 илјади невработени.

Без силна економија нема вработувања, нема инвестиции, нема полнење на локалниот буџет, нема платени даноци, нема подобар живот за месното население. Нема силна општина со слаба економија. Затоа е потребна меѓусебна соработка за подобро утре на толку многу народ во двете општини –рече Немања Делиќ, градоначалник на Сомбор.

Ова општина најмногу извезува во Босна и херцеговина, во Русија и Италија а увезува од Босна и Херцеговина, Италија и Германија. Лани имала извоз од 207 милиони евра и увоз од 104 милиони ера. Најдобро стоечка е фабриката са акумулатори ,,Трепча ,, во Сомбор и Апатинската пивара во Апатин. Присутните стопанственици побараа ослободување на бројните административни пречки, при работа, која ја оптоварувала меѓусебната размена

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »