Петар Печков
Објавено: петок, 16 октомври 2020
СВР Велес попладнево информираше дека добиле пријава од сосетка, која го сомничи 80 годишниот старец дека извршил обљуба на нејзината малолетна ќерка.
На 15.10.2020 околу 20.00 часот во СВР Велес, 28 – годишна жена од велешко, пријавила дека В.Ч.(80) од велешко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка - соопшти Верољуб Додески, портпaрол на СВР Велес.
Додава дека полицијата работи на расчистување на случајот.
Tweet |