речник контакт

Состојба со алкохолизираноста на анестезиолозите ја нема во доказите, оти некој критичната вечер наместо урина земал присуство на алкохол во крв

Продолжува судењето за обвинетите доктори за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

Петар Печков

На повтореното судење за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, се дозна зошто во постапка ги нема доказите дека двајцата анестезиолози биле во алкохолизирана состојба, па сега обвинителството преку сведоци мора да ја докажува нивната состојба.   

На денешното рочиште судијката Габриела Гајдова кажа дека Институтот за судска медицина не признава докази за алкохолизираниот, освен од урина.   Така јавноста дозна, дека  на двајцата доктори анестезиолози д-р Томе Ванчев и сега починатиот д-р Зоран Јовановски, наместо од урина, им бил земен примерок од  крв. За ова реагираше сопругот на родилката Маја, Димитри Кадиев.

Дали не земањето на урина од пијаните анестезиолози е  со директна поврзаност на братот на тогашниот  директорот на ЈЗУ Општа Болница Гевгелија,  кој дојде како вработен во полиција да врши истрага за случајот и земаше докази од местото на настанот. Треба да дадат одговор зошто е земена крв а не и урина. Тој неодамна почина, како и анестезиологот докторот Јовановски. Име карма. Да потсетам дека д-р Чалков, откако излезе од салата  пред мене се јави на тогашниот директор на Болницата Среќко и му кажа дојди да видиш во каква пијана состојба ти е персоналот  - кажа Димитри Кадиев.   

Обвинетиот анестезиолог д-р Ванчев присуството на алкохол во крвта, на судење го оправда дека по случајот, отишол кај него во соба и се напил оти бил под стрес. Според науката присуството на алкохол во крвта покажува негово присуство во моментот кога се зема, додека во урината присуство на алкохол е за последните 24 часа.   На денешното рочиште сведочеа вештите лица.   

Кризата кај родилката Кадиева не била предизвикана од докторите, туку дилемата е како тие постапиле во моментот кога кризата настанала.  Како анестезиолозите постапиле во моментот кога сатурација паѓа а тубусот не е на право место. Не ми е јасно зошто подоцна е забележано дека сатурацијата е 88% и тогаш е алармирано. Нарушена е  кохезивноста на тимот, со излегувањето на  гинеколозите од салата, во текот на планираниот царски рез. Одлуката да се прибегне кон спасување на животот на плодот, кога очигледно не може да се спаси животот на мајката е исклучиво на тимот, не на поединец -  кажа д-р Давчева.   

Таа во еден момент реагираше на констатацијата на судијката Гајдова, дека од одговорите  на вештакот зависи дали обвинетите ќе лежат во затвор четири години или ќе шетаат на слобода.

Јас под  притисок нема да сведочам, јас кажувам што има во вештачењето, не ја донесувам пресудата и одлуката - рече видно лута д-р Давчева. 

Причина за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе според обдукција настанала поради погрешната интубација и недоволниот кислород кој стигнува кај   родилката.

Обвинети за смртта на родилката маја Кадиева и нејзиното бебе,   се анестезиологот  Томче Ванчев (58 год) од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков (52 год) и Дончо Москов (61год), за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. 

Во првиот судски процес д- Ванчов беше прогласен за виновен и доби четири години затвор  а д-р Чалков и д-р Москов беа ослободени, но Апелација го врати на ново судење овој предмет.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »