Петар Печков
Објавено: четврток, 08 октомври 2020
Во велешко, како и во Македонија деновиве се зголемува бројот на лица позитивни на ковид-19. Но повеќето случаи се од лица кои работа во други соседни градови, во фабрики во Скопје и Кавадарци. Или корона вирусот го добиле од член од семејството, повеќето се помлади лица
Состојбата во велешко со ковид-19 е средно тешка, не е алармантна, но посериозна од претходно. Поголемиот број од случаите се со лесна клиничка слика, и повеќето се на домашно лекување. Загрижува податокот што се повеќе млади лица се заразени со ковид-19, нема кластери. Сограѓаните ги потсетувам на мерките, да држат растојание, да носат заштитни маски, да не се групираат за да придонесеме за чување на личното и колективно здравје. Иде нов бран и треба да бидеме повнимателни во наредниот период. Во Велес според СВР Велес и Државниот Пазарен инспекторат, нема проблеми со угостителските објекти, има проблеми со групирање на малолетници и не носење на заштитни маски од нивна страна - соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.
Tweet |