речник контакт

Состојбата со ковид-19 во велешко непроменета, нема ново заразени, нема оздравени

Во велешко активни се 30 случаи

Петар Печков

Според информацијата од Министерството за здравство во велешко во текот на вчерашниот ден, нема регистрирано ново заразени со ковид-19, нема ниту оздравени.  

Вкупната бројка на активни случаи во велешко е 30 а досега позитивни на корона вирусот биле 173 лица, 131 оздравеле и 12  починати. 

Од вкупниот број на активни случаи 18 се на домашно лекување,  девет на Инфективно одделение од велешка Болница,  на Инфективна клиника во Скопје  се двајца а еден велешанец е сместен на приватна клиника. 

На Инфективно одделение од велешка Болница има хоспитализирано 14 лица, од нив 12 се потврдено позитивни,  за двајца со симптоми се чекаат резултатите, од вкупниот број заразени,  четворица се од Велес- еден е со симптоми но нема потврда , девет се од општина Чашка и еден од општина Кавадарци. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »