речник контакт

Софтверското пиратство во Македонија

Вкупно 70% од инсталираниот софтвер на компјутерите во Македонија минатата година бил илегален, се вели во глобалната студија за софтверско пиратство во 2005 година подготвена од БСА (Business Software Alliance).

Аница Солева

Стапката на софтверско пиратство, како што пренесува Макфакс, лани била помала од 2004 година кога изнесувала 72%, се вели во студијата, додавајќи дека штетата од користењето на нелегалниот софтвер во 2005-та се проценува на девет милиони долари, а во претходната година била осум милиони долари. Просечната стапка на софтверска пиратерија во регионот на Источна и Југоисточна Европа лани изнесувала 69%, а вкупната штета е оценета на над три милијарди долари. Највисока стапка на илегален софтвер имаат: * 85% - Украина и Казахстан, * 83% - Русија, * 81% - Србија и Црна Гора. Чешка, Унгарија, Словачка и Словенија имаат стапки на пиратски софтвер меѓу 40 и 50 насто. Од земјите во соседството помала стапка од Македонија имаат: * Хрватска (57%), * Грција (64%) и * Босна (69%). Повисоки стапки од Македонија имаат: * Бугарија (71%), * Романија (72%) и * Албанија (76%). Најниска стапка на софтверско пиратство во светот има САД од 21%, а највисока од 90% имаат Зимбабве и Виетнам. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=63127]А1[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »