речник контакт

Социјалните станови во високи цени

Кориснците бараат подолг рок на исплата, пониско уечство или пониски цени на квадрат

Петар Печков

Корисниците на социјалните станови во Велес негодуваат по понудените услови за откуп на  домовите каде живеат.  За нив е неприфатлива цената и времето на исплата. Реагираат оти сметаат дека како социјално загрозени категорија, треба да имаат поповолни услови  за откуп на становите. Нив им се нуди да ги откупат со цена која се движи од 400 до 700 евра по квадрат, со 30 отсто учество и 20 години отплата.

За становите во Велес да ја земеме најниската цена 400 евра од квадрат, оти сме на крајот од градот, на периферијата.  Ги користиме осум  години, а цената на нов стан во центар на градот е 500 евра. Потоа најголемиот дел од нас се со ниски примања, земаме минимална плата која се движи од 8 до 10 илјади денари. Колкава заштеда можеме да имаме со овие плати. Затоа треба да земам кредит и со ратите кои треба да ги плаќам, толку толку 10 илјади денари секој месец треба да давам за отплата на станот. Со други десет од сопругата да живееме – вели велешанец кој живее во социјалните станови, лоцирани во населба Тунел.

Тоа се три згради кои беа предадени за користење во 2007-та а се градеа пет години.  Тие живеат  четири месеци, од септември  минатата година, без продолжени договори за станување, без регулирано право, така на доверба.

Општествените станови беа дадени на откуп на 40 години, нас на социјалците ни ги даваат на 20. Нека биде и оваа цена која ни ја најавија, но ако биде на толку години и без учество, сите без проблеми ќе ги откупиме. Сепак повеќето сме со ниски примања, социјално загрозени семејства – вели станарка корисник на  социјален стан од Велес.

Во Велес има 150 вакви станови, најмногу после Скопје. Во неодамнешна анкета на инвеститорот, 90 отсто од корисниците потврдиле дека сакаат да ги откупат становите. Дека дел од станарите се со ниски примања сведочи и фактот што   дел од нив се на суд а дел треба да се иселат поради неплатени кирии.

Од подрачната единица на  АД за стопанисување со станбен и деловен простор од посебно значење за државата информираа дека бидејќи не платиле повеќе од 10 месеци  неколку корисници добиле решение за иселување, по што тие станови ќе се испразнат и доделат на нови а други се на суд поради шест неплатени сметки.

Станарите пак посочуваат дека има неколку станови, кои од отворањето на зградите се празни, што за нив е чудно, оти се во дилема ,, какви се тоа соседи кои се социјалци, плаќаат кирија, а не стапнале во нив. Треба под итно да се прераспределат на вистински социјални случаи,,  велат станарите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »